дома Балкан (Видео) Кинезите во Србија го градат најдолгиот тунел во земјата

(Видео) Кинезите во Србија го градат најдолгиот тунел во земјата

Работите на Фрушкогорскиот коридор од Нови Сад до Рума ќе започнат следната година и ќе вредат 606 милиони евра. Должината на идниот коридор е 47,7 километри, а тој ќе ги поврзе Коридорот 10 и Коридорот 4. Интересно е што на него ќе се наоѓа тунелот „Ирски венец“ долг 3,5 километри, кој ќе биде најдолг во Србија.

Со изградба на нов брз пат, аеродромот „Никола Тесла“ ќе биде достапен на граѓаните на Нови Сад за помалку од половина час.

Фрушкогорскиот коридор е дел од патот Нови Сад – Рума – Шабац – Лозница – граница со Босна и Херцеговина. Коридорот исто така ќе поврзе три општини – Нови Сад, Ириг и Рума и ќе го реши пpoблемот со камионите што минуваат преку Фрушка Гора и преку Ириг. Клучниот градежен објект на патот Нови Сад – Рума ќе биде тунел со две цевки низ Фрушка Гора, долг 3,5 километри , од Ириг до Парагово и уште еден мост преку Дунав, долг 1,8 километри.

Овој пат има за цел да го дислоцира транзитниот сообраќај од областа на Националниот парк „Фрушка гора“ преку тунелот „ Иришки венец “.

Комерцијалниот договор за изградба на Фрушкогорскиот коридор со кинеската компанија ЦРБЦ, вреден 606 милиони евра, беше донесен на седницата на Владата на Србија, а Министерството за градежништво и инфраструктура потсетува дека Србија доби потврда од кинеската Ексим банка, односно кинеското Министерство, дека заемот е одобрен за го финансирање на тој проект.

Тие посочуваат дека почетокот на работите ќе зависи од усогласување со средствата од буџетот, бидејќи дел од авансот го дава Владата на Србија, а другиот дел доаѓа од заеми, а наведуваат дека изградбата на Фрушкогорскиот коридор е важна за да се поврзе делницата Рума – Шабац – Лозница.