December 6, 2022, 6:20 pm

(Видео) Клиничkата болницa Битола најocтро ги дeмантиpa oбвинyвањатa за мaлтpeтиpaње на момчето од Ресен кое пoчинa од Ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сестрата на младото момче од Ресен коешто почина поради компликации од Ковид-19 обвини за негрижа и малтретирање на пациентите во болницата нарекувајќи ја Клиничката болница во Битола е убиец на млади. Таа обвини дека пациентите се држат под клуч и не им се посветува внимание.

„Брат ми си замина од болница самоволно затоа што брат ми не беше во болница туку подобро е во затвор Идризово од ова болница кој ќе седи во ваква состојба тука плус со Бронхопнеумонија еве каква интензивна соба имаше бра тми затоа брат ми ја напушти самоволно потпиша дека знае се ке го земаат на душа и му дадоја контра терапија плазма крв и не му ни направија контрола никаква се је лага и него ни видоја дека починал нити се јавија на фамилијата дека је починат ниту го реанимирале се лажат. Болницата во Битола не беше од корона брат ми. Болницата Битола је убиец на млади деца ве Молам сите приатели АПЕЛ даго поделете видеото и дасе чуваат младите дека ги затворат со клуч и не ги гледаат“, вели девојката во својата објава.

Од министерството за здравство за Инфомакс изјавија дека починатиот пациент, кој бил позитивен на ковид-19, бил хоспитализиран со тешка клиничка слика и му била дадена соодветна терапија и бил ставен на кислородна поддршка.

„Според податоците во системот, 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 тој на инфективното одделение во болницата во Битола е примен на 24 август како суспектен на болеста. Кај пацинетот било извршено тестирање за корона и тестот е со позитивне резултат. За време на првата хоспитализација во КБ Битола, пациентот дошол со ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, утврдено е дека има масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка“, велат од министерството за здравство за Инфомакс.

По примената терапија, пациентот на негово инсистирање и покрај предупредувањето за лошата состојба, си заминал од болницата.

„Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен“, појаснуваат од МЗ

„На 25 август, пациентот во КБ Битола е донесен од болницата во Охрид. Веднаш е хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата. На 27 август утрото и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал“, додаваат од министерството.

Во однос на обвинувањата на сестрата на починатиот пациент, од КБ Битола најостро ги демантираат информациите дека пациентот бил малтретиран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This