дома Македонија (Видео) КОГА ЈАПОНЦИТЕ НАВИВАА ЗА МАКЕДОНИЈА: Илјадници Јапонци скандираат „Македонија, Македонија“ во...

(Видео) КОГА ЈАПОНЦИТЕ НАВИВАА ЗА МАКЕДОНИЈА: Илјадници Јапонци скандираат „Македонија, Македонија“ во чест на македонски фудбалер

Навивачите на Нагоја му оддадоа големо признание на македонскиот фудбалски интернационалец Никола Јакимовски кој од неодамна е член на овој јапонски клуб. Тие на дуелот со Џубило Ивата на стартот од сезоната го поздравија Јакимовски со десетици македонски знамиња и со скандирање „Македонија, Македонија“.

„Беше неверојатно чувство. Ова беше на првиот натпревар од сезоната против Џубило Ивата. Би му посакал на секого ваков пречек, иако сум во далечната Јапонија, се чувствувам добредојден и како во бајка“, вели Јакимовски во изјава за спортскиот портал „Екипа“.

Јакимовски е поранешен фудбалер на Македонија Ѓорче Петров и младински репрезентативец, а тренер во Нагоја му е Драган Стојковиќ – Пикси. Во клубот има уште еден Македонец – Бошко Ѓуровски, кој е прв асистент на Стојковиќ, Архива од 13 март 2013.