September 26, 2022, 11:17 am

(Видео) Костов: Културата на Законот е одлучна битка против корупцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се обидовме да ви доближиме до Вас зошто Македонија е ниско или според перцепцијата е 111 место, и зошто е на 58 место на развој на правото. Ќе се согласиме дека на Македонија и се случува синдром на фингирани промени, синдром на залажување дека спроведуваме реформи. Таа појава е наречена Ди Лампедуза.

Тоа значи дека Власта не залажува и ја залажуваат јавноста дека се спроведени и направени реформи и промени кон подобро, а всушност ниту промени направиле ниту реформи направиле, не е направено ништо. Дека се залажуваме дека спроведуваме реформи во полицијата, во судскиот систем, во економијата тоа ќе беше прочитано тоа ќе беше перцепирано од страна на релевантни фактори, од Европската Унија, од преговарачките тимови и ќе добиевме датум за преговори..

Прво ги измислува промените, потоа ги залажува дека промените се тие и ќе се бориме против тие појави на кронизам, непотизам и корупцијата, а всушност таа тоа го прави. Непотизам, сите најблиски роднини и роднински врски се вработени во јавната администрација или клучни места .

Кронизам сите соработници и бизнис партнери ги ангажираа во државната администрација и кога се одлучува затоа имаме корупција, и затоа имаме неуспешни , а за нив многу успешни јавни набавки и потоа се знае кој колку и како ги дели тие работи, а суптината на тие работи не се направени, а во суштина ние остануваме измамени. Затоа на ова мора да му ставиме крај, дури ова мораме и да го санкционираме. Сите заедно мораме да се договориме дека културата на законот мора да биде ставена на пиедестал. Тоа значи подеднакво законите да важат за сите, тоа значи со закон да не бидат протекционирани одредени претставници на власта.

Ние мораме политичката култура да ја издигнеме на друго ниво. Институциите мора да функционираат, и законски да ги извршуваат правилно своите функции. Само така ќе овозможиме суштинско владеење каде во центарот ќе биде граѓанинот, обичниот човек, а не како сегашната состојба – вели Сотир Костов.

Видео во следниот линк:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This