дома Македонија (Видео) КОСТОВ: Пендаровски беше претседател на ДИК, кога докажано се полнеа кутии

(Видео) КОСТОВ: Пендаровски беше претседател на ДИК, кога докажано се полнеа кутии

Аналитичарот Сотир Костов од Отвореното студио на Инфомакс го истакна фактот дека Стево Пендаровски своевреме бил претседател токму на Државната Изборна Комисија. Имено тој ја завзема позицијата претседател на ДИК во 2004 година кога меѓународните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР евидетирале полнење на кутии и групно како и фамилијарно гласање, односно биле забележани изборни нepeгуларности.

Костов ова го истакна по коментарот на главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски кој забележа дека меѓународните набљудувачи, мислејќи пред се на ОБСЕ и ОДИХР секогаш се тука единствено да ги легитимираат изборите и никогаш не превземале конкретни мерки за спречување на нepeгуларностите,

Костов истакна дека сега е конечно време меѓународните набљудувачи да имаат импакт на изборните процес кој овој пат мора да биде фер и демократски за конечно да добиеме претседател признаен од сите.