дома Свет (Видео) Лyдилo вo Лос Анџелес: Ce oбидe дa пpeгaзи пeшaци нa тpoтoap...

(Видео) Лyдилo вo Лос Анџелес: Ce oбидe дa пpeгaзи пeшaци нa тpoтoap – тиe гo извлeкoa oд вoзилoтo и гo пpeтeпaлe дo cmpт

Се случи сериозен инцидент во округот на Лос Анџелес кога еден човек загина откако се обиде да прегази луѓе на тротоарот – лутите пешаци го извлекоа од камионот и го претепаа до смрт.

Детективите ја истражуваат неговата смрт, а инцидентот се случи во саботата.

Полицијата го идентификуваше починатиот како Мелгин Лопез Сантос (40) од Лос Анџелес, објави „ЛА Тајмс“.

Пред да биде убиен, се расправал во ресторанот од кој бил исфрлен. Потоа влегол во камионот, забрзал кон тротоарот и за малку ќе прегазел неколку лица, објави полицијата.

Сантос изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, а потоа и во зграда. Луѓето го извлекле од автомобилот и настанала тепачка, додаваат властите.

По пристигнувањето на местото на несреќата, полицијата го пронашла мртов на лице место, наведувајќи дека смртта била предизвикана од удирање со тапи предмети.

Засега никој не е уапсен, но полицијата ги истражува потенцијалните осомничени.

Видеото може да го погледнете ТУКА.