September 26, 2022, 7:42 pm

(Видео) Македонски претставник на Евровизија со Бугарско знаме? – Нема бугарско знаме во видеото, се работи за дело инспирирано од Исус, тврди Гарванлиев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Васил Гарванлиев е пејачот кој ќе си ја проба среќата на овогодинешната Евровизија во Ротердам, Холандија, а песната е со наслов „Here i stand“. И се ќе беше супер и ќе одеше као подмачкано (бидејќи за квалитетот и наклонетста кон композицијата, не се дискутира и секогаш ќе има за и против) за истата да не е снимен спот во кој во еден кадар се забележуваат боите кои потсетуваат на бугарското знаме, што за домашната јавност во овој сензитивен период е во истовреме и шокантно и скандалозно.

Во еден од кадрите, кој трае околу пет секунди, во позадината на струмичанецот се појавуваат боите на бугарското знаме односно белата, зелената и црвената вертикално поставени на ѕид. Ова целосно кореспондира со боите на знамето на нашиот источен сосед, разликата е само во тоа што во официјалниот симбол, односно бугарското знаме истите се по хоризонтален редослед.

Интересно е дека освен оваа асоцијација на нашиот сосед, во ниту еден кадар од видеото нема асоцијација дека Васил е македонски претставник – што е навистина чудно, оти нели Евровизија е музички натпревар, но истиот не се користи за промоција не само на пејачот, туку на земјата бидејќи токму таа го испраќа да ги брани нејзините бои.

Cтрумичанецот Гарванлиев, во разговор за ,,Фокус” вели дека без потреба се прави скандал, бидејќи боите кои се гледаат во позадина, сепак немаат врска со соседна Бугарија.

-Луѓето обожаваат да прават скандали без потреба и сакаат да прават драми. Нека е… Овие се прекрасни дела во Даут Пашин Амам во Скопје, и многу сум горд што ми беше дозволено да снимам таму. Се распрашав за делото за кое се коментира. Станува збор за дело за кое инспирација е Исус Христос, а бугарското знаме е хоризонтално, не вертикално, што може јасно да се види. Ова дело нема никаква врска со Бугарија. Така да, им пуштам љубов позитивна енергија и прекрасна музика на сите. Одиме напред и нагоре во горди жолто – црвени тонови – ни изјави музичарот.
Видеото за песната е снимано на повеќе локации. Дел од сцените се снимани во Даут Пашин Амам во Скопје, а во спотот се прикажуваат и кадри од Културниот Центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време со Детскиот Хор од Чикаго. Видео-записот во Скопје го снимаа и монтираа Ѓорги Вацев и Борче Димовски од Digital Box, а режијата е на Васил Гарванлиев.

https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This