дома Свет (Видео) Масакр: На сред натпревар запукаа со калашникови, убиени најмалку тројца

(Видео) Масакр: На сред натпревар запукаа со калашникови, убиени најмалку тројца

Во Мексико се случи невиден настан на фудбалски дуел.

Во мексиканскиот град Санта Ана дел Конде се случи голема трагедија и тоа за време на фудбалскиот меч меѓу нисколигашите Санта Ана дел Конде и Ваг Зона Пиела. Додека траеше мечот, во еден момент се слушна пукање од калашников АК-47.

Во нападот убиени се најмалку три лица, а еден е повреден. Меѓу убиените е и пејачот и фронтмен на бендот „La Sencillita“.

Во видеото кое го има снимено еден од гледачите, публиката мирно го следи мечот, се додека не се слушне пукањето. Неколку секунди подоцна завладеа општа паника како меѓу гледачите, така и кај фудбалерите, па сите бегаа за да спасат жива глава.

Стадионот на кој е извршен нападот се наоѓа во близина на автопат, а според сведоци, убијците дошле со автомобил, излегле и почнале да пукаат, а потоа со автомобилот успеале да избегаат.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.