February 7, 2023, 9:25 pm

(Видео) Мајк Помпео ќe ce кaндидиpa нa cлeднитe пpeтceдaтeлcки избopи вo САД?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар во администрацијата на Доналд Трамп и поранешен директор на ЦИА, Мајк Помпео би можел да биде еден од кандидатите за претседател на САД во 2024-та година.

Во разговор за „Фокс Њуз“, Помпео сугерираше дека би можел да се кандидира за претседател на државата доколку тоа не го стори Доналд Трамп.

„Секогаш сум подготвен за борба“, изјави Помпео, а на прашањето дали тоа е „силно можеби“ за евентуално кандидирање за претседател во 2024-та година, Помпео порача: „Да, тоа е идеалниот опис“.

Додека беше државен секретар, Мајк Помпео се истакна по својата агресивна надворешна политика, често надминувајќи го и самиот Трамп. На пример, Помпео никогаш не ја поддржуваше идејата на Трамп за целосно повлекување на американската војска од Германија.

Доколку не се кандидира Трамп, според многумина, голем број на Републиканци би можеле токму во Помпео да го видат идеалниот кандидат за претседателската трка на изборите во 2024-та година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This