дома Спорт (ВИДЕО) Милан kaпитулираше по само пет минути

(ВИДЕО) Милан kaпитулираше по само пет минути

Два напада му требаа на Интер да го скрши отпорот на градскиот ривал и да дојде до водство во големото дерби.

Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинес, но повторно по акција и асистенција на најдобриот играч на „нераѕурите“ Ромелу Лукаку.
Откако не успеа самиот да упати удар, Белгиецот му ја нацрта топката на глава на својот соиграч кој со глава од неколку метри ја смести во мрежата.