дома Актуелно (Видео) Митовски до Сугарески: Каде е планираниот надвозник, каде е уште еден...

(Видео) Митовски до Сугарески: Каде е планираниот надвозник, каде е уште еден кат од зградата на Табановце?

„Отворено студио, Локални избори 2021“ на Инфомакс во живо ги следи и ги коментира резултатите од локалните избори кои денеска се одржаа во Македонија. Според досегашните информации, Прилеп добива нов градоначалник, тоа е Борче Јовчески кој води со 6000 гласови пред Сугарески.

Александар Митовски, во емисијата упати неколку прашања до градоначалникот во заминување, и побара неколку објаснувања за проекти кои се водат како целосно завршени, но реално не постојат или не се направени онакако како што е предвидено во проектите, односно во катастар.

„Да кажам околу Горан Сугарески, тек ќе отвараме за него теми. Јас ќе го прашам од сега да си спреми одговор. Каде е планираниот надвозник, на граничниот премин Ќафасан за којшто се добиени пари од Европска унија да се изгради, а го нема? Иако проектот е прогласен за завршен успешно, го нема целиот надвозник. Завршен успешно, а надвозникот го нема. Иако тој надвозник е впишан во катастар, има добиено дозвола тој надвозник да се гради и е впишан како да постои. Тој објект воошто го нема.

Митовски потсети на скечот на К-15 кој ја доловува токму оваа ситуација

„Ако се сеќавате на тој скечот на К-15 „Го гледаш мостот, не го гледаш, епа не го гледаш“

„И има уште една ситуација каде што Горан Сугарески треба да си подготви одговор, и пред јавноста, верувам дека и обвинителството ќе го повика да ги даде овие одговори, каде е уште еден кат на зградата која што се отвори на граничниот премин на Табановце, исто така изградена со европски пари, зградата во проектот е впишана како во катастар дека треба да има три ката, зградата има два. И пак ќе потсетам на скечот, го гледаш тој третиот кат, не го гледаш? Епа не го гледаш„, вели Митовски

Митовски го повика Горан Сугарески да си подготви одговори, на овие прашања, да си направи направи концепт на одбрана заради тоа што во наредните денови и ќе треба да ни одговори.

Емисијата Отворено студио Локални избори 2021 во живо можете да ја следите ТУКА