February 7, 2023, 9:32 pm

(Видео) Мицкоски: Во Македонија најскапото се губи многу евтино

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање по реизборот на 17-тиот Конгрес на партијата посочи дека Македонија долго време е на дното, дека во земјата владее анархија, безредие, сиромаштија, корупцијата цвета, а граѓаните заробени во тој систем на невредности веруваат дека немаат избор.
„Сметам дека како општество премногу долго сме во истото мочуриште во кои нè доведоа неодговорни и лукративни политики, а сериозен проблем претставува ударот по самодовербата на луѓето и нивното чувство дека сите се исти и многу малку може да се смени. Сметам дека таквото системско разградување на сè што е добро и квалитетно во земјава придонесе сите ние да станеме робови на системот кој е во анархија, безредие, систем на невредности кои стануваат правило на однесување во секојдневието. И никако не ги обвинувам луѓето кои се подредуваат на таквото секојдневие затоа што мислат дека реалноста не им нуди избор. Во тешки времиња да се понуди избор значи да се преземе голема одговорност. Ние таа одговорност ја земаме на своите плеќи затоа што мора на народот да му се покаже алтернатива која ќе нè избави од болната реалност во која живееме. Денес Македонија живее во сиромаштија. Нема скала на релевантна институција која мери корупција каде државата не е вбројана за една од најкорумпираните во Европа, а во светски рамки сме во друштво на некои хибридни државни творби од Африка. А меѓу другото оценката е дека и тука владее хибриден режим кој секоја година повеќе заглавува во криминалот и корупцијата која не се случува само меѓу највисоките структури туку е пренесена на најниските можни рамништа. Денес се плаќа мито да ви извадат извод од матична книга на родени, да добиете лекарска потврда или да ви направат обичен здравствен преглед. Ви говорам за таква немоќност и распаѓање на системот до мера каде човек кој плаќа со децении за своето здравствено осигурување не може да добие обична здравствена услуга без притоа да се јави некому или да понуди мито некаде. Тоа болно удира по нашето достоинство“, вели Мицкоски.

Мицкоски апелираше да престанеме да молчиме пред неправдата, во која виновните се наградуваат место да се казнуваа, а најскапото се губи најевтино.
„Доста се замижува пред секојдневните врски, митаџиства и протекции за добивање на услуги кои секако му следуваат на обичниот човек. Што мислите како 135 пати поминувал автобусот на Беса Транс низ царината без потребните документи и дали ако некој од вас се обиде да ја мине границата без документи, како ќе заврши? Е тоа на овие од компанијата милениче на власта им успеало над стотина пати. И таа иритирачка вина кај одредени структури, која се наградува наместо да се казнува, доведува до тоа животите на луѓето да се губат и тие да имаат ниска цена. Најскапото се губи многу евтино.“, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This