(Видео) Мицкоски: Државата е во сериозна криза, предвремени избори во мај, техничка влада во февруари, за нов импулс, нова сила за реформи и обединувања за нова иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера помина и Европскиот Совет на лидерите на ЕУ каде прашањето за датум за преговори со Европската Унија на Македонија не беше ставено на дневен ред. Тоа значи дека државата за жал доживува уште еден неуспех, уште една година празен од на патот кон Европската Унија. Поминаа точно 5 години откако оваа иста влада ветуваше европска иднина, а останавме заглавени во спорот со нашиот источнен сосед. Три години од Преспанскиот договор, а земјата не е мрдната ниту милиметар од она што оваа иста власт ветуваше дека ќе го добиеме, да имаме европско бесплатно здравство, европско бесплатно високо образование, отворени граници со државите на Европската Унија. Четири години откако првиот пат Зоран Заев и министрите излажаа дека сме добиле датум за преговори, и секоја година потоа истата лага дека само што не сме го добиле тој датум, кој што всушност сме го добиле пред три години, изјави на денешната прес конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој исткна дека во меѓувреме, Македонија е блокирана и заглавена од комплетно ирационален, новосоздаден и реален спор кој го имаме со источниот сосед.

– И секој месец тој за жал се продлабочува, се проширува рамката за работите за кои се разговара и за жал се подалеку сме од решение. И секоја година е истото однесување на власта, истиот лажен оптимизам дека работите почнуваат да се придвижуваат во исто време кога истите се дозаглавуваат уште подлабоко во блатото во кое тие не донесоа. Па така во последните два три дена ќе чујам воодушевување од власта, владата, вицепремиерите, претседателот на државата дека го поздравувале новиот пристап на новата бугарска влада кон овој спор. А, што кажа Петков кое власта го оценува за позитивен нов пристап? Дека ќе разговараат не само за тоа што беше досега проблем, туку и за другите полиња важни за спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Во исто време кога наредниот ден Владата во Бугарија, нивниот претседател на држава повторуваат дека остануваат на бугарската декларација која ги оцртува максималиститчките, и би рекол асимилаторски кон нас бугарски барања. Дополнително на ова ќе излезе и бугарски европратеник со изјава среде Европскиот Парламент дека Македонија била втора бугарска држава, а притоа, повторувам а притоа никој во македонската влада, македонското МНР, вицепремиерите, претседателот на државата нема да излезе и да го осуди таквиот негаторски однос, при што во јавниот етер останува само нивното воодушевување од како што тие го нарекоа новиот пристап на бугарската влада, кој всушност значи непроменети позиции. Тој пристап може ќе значи повеќе пари за некој авионски билет повеќе за средби на Бучковски и Османи во Софија, но нема да смени ништо ама буквално ништо суштински затоа што Бугарија е јасно дека останува на своите позиции кои што има намера да ги надгради. Воедно како поминува времето забележливо е дека бугарските барања се зголемуваат, дека македонската влада има целосно отсуство на стратегија и план. Па ќе каже еден вицепремиер, дека тој лично, без да праша никој од народот преговара за македонскиот јазик. Особно што за јазик, за такво посебно обележје нема што да се преговара, а нешто што е последната црвена линија дефинирана со Резолуцијата, усвоена едногласно од македонскиот Парламент е нашиот идентитет, македонски идентитет. Различен од бугарскиот идентитет. Притоа тие забораваат дека нашите црвени линии, ќе повторам нашите црвени линии се јасно напишани Резолуција која што и СДСМ ја гласаше во македонското Собрание. Целокупната оваа ситуација наликува на стапот и морковот. При што секое доближување до морковот, владата го фали како нов успех, а за секое наредно доближување до него создава нови очекувања и надежи по кои следат потоа големи разочарувања. Многу често ме прашуваат каков да биде нашиот пристап како држава? Да бидеме отворени спрема сите соседи, на взаемна почит, да даваме почит и да бараме почит, но и да не коленичиме, продаваме и тргуваме со нашиот идентитет. Така Македонија губи достоинство, а Бугарија штити свои позиции. Јасно да се придржуваме до рамката дадена со Резолуцијата изгласана во македонскиот Парламент. Погледнете, само погледнете последните десетина дена што се случуваше, министер Бујар си правеше свој маркетинг во владината битка на докажување, Заев и Ковачевски си правеа меѓусебни состаноци, додека Пендаровски се радуваше на новиот пристап кој и не нов, а Македонија и граѓаните добија неформално вето. Никој од власта во Македонија не посети ниту еден европски лидер, да направи убедување или притисок за одблокирање на овој процес. И да се побара од нашите стратешки партнери ЕУ она што ни припаѓа, а тоа е несомнено датум за почеток на преговори, појасни Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со оваа најнова блокада испаруваат и последните причини за да партнерите во власта кои секојдневно се китат со епитети дека биле дел од власта само за европската перспектива на државава, и понатаму да бидат дел од оваа власт која е јасно дека не не носи кон европска иднина.

– Новото вето е причината поради која очекувам, ако Алтернатива држи до зборот, или Кастриот кој велеше дека срцето му било во Вашингтон и Брисел, сега кога е јасно дека со СДСМ и ДУИ, заедно со нив не мрдаме од мртвата точка на застојот, да излезат јавно и да кажат дека не постојат причини да ја поддржуваат власта. Во спротивно докажуваат дека имаат и некакви поинакви мотиви за останување во тоа анти ЕУ и антиреформско друштво. Македонија е длабоко влезена во слепа улица. На планот на евро интеграциите имаме целосен неуспех и нема никакви изгледи дека владата во наредниот период ќе го одблокира овој процес. Нема простор за евро оптизам со СДСМ ДУИ на власт. Од друга страна економијата никогаш не била полоша. Македонија е веќе во црвената зона на презадолженост. Имаме катастрофални бројки во индустриското производство, невработеноста, а сиромаштијата пак се зголемува, а инфлацијата драстично го јаде домашниот буџет. Се повеќе луѓе стануваат се повеќе сиромашни, а следува поради исклучителната неспособност на власта нов ценовен шок со новата цена на струјата, како и можно укинување на евтината тарифа. Во ваква една ситуација на вето за евро интеграциите, реален спор со Бугарија кој нас не чини идентитет, инфлација, покачена цена на струјата, сиромаштија, растечка корупција, предвремените парламентарни избори се единственото решение. И сакам тука да сум јасен, не велам дека изборите секогаш се најдоброто решение, но во состојба кога е јасно дека постојат сериозни проблеми, кога нема начин ниту пак било каква шанса оваа влада нешто да промени, кога генерации повторно се оставени бесконечно да чекаат пред портите на ЕУ, предвремените парламентарни избори се единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државата. Затоа бараме во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни да имаме предвремени паралемнтарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија. Во Македонија е потребен нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу нов договор со народот и заедничкиот патриотизам за работите кои му се важни на народот, а кои совршено јасно е дека оваа власт не може и нема да ги донесе. Овде секоја наша лична кариера е небитна, кога најважното е иднината на нашата држава. Апелирам на разум, на одлуки кои ќе се базираат на тоа што е најдоброто за државата и народот. Ова е отворен апел до власта за брзи избори, како единствено решение за излез од политичката и економска криза, и наша обврска за борба за нова иднина кон која сите заедно се имаме обврзано. Воедно барам и општествена поддршка, на поединци но и општествени групи да го поддржат овој наш предлог за избори, да не губиме ниту месец повеќе, затоа што така ќе направиме и општествена мобилизација, силен активизам и партиципација на мудрите глави во ова наше општество на кои им е смачено од потурнување на страна, омаловажување на нивниот труд и угнетувања од себичната власт која се бори за лични интереси. Воедно е одлична можност на новиот претседател на СДСМ кој што планира да биде премиер на идната Влада, да излезе, да се соочи со граѓаните и да добие каков таков изборен политички легитимитет. Доколку победи на тие избори да ја составува новата Влада, во спротивно засекогаш ќе остане за паметење сликата кога му се поклонува на неговиот претходник Зоран Заев. Има можност да се охрабри и да покаже од каков материјал е направен и да ја побара поддршката од граѓаните. Во спротивно ќе остане секогаш во гнездото во кое што седи Зоран Заев, дециден е Мицкоски.

Тој додаде дека е време да ја ставиме Македонија на прво место, судбините на луѓето на Македонија и да покажеме дека можеме, можеме да создадеме заедно нова иднина.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This