October 6, 2022, 9:34 pm

(Видео) Мицкоски: Заев и СДСМ го нарушија евроинтегративниот процес на Македонија, колку повеќе коленичат, толку поголеми се бугарските барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа влада предводена од Зоран Заев и СДСМ е влада која сериозно го загрози евроинтегративниот процес на Македонија со авантуристичката политика кој а ја води во дипломатијата и за жал се наоѓаме сега во оваа ситуација. Народот ова не го заслужува, туку заслужи да се отпочнат преговори со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да докажеме дека сме компетативни и дека заслужуваме место на иста маса рамноправно со земјите од ЕУ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Градско, одговарајќи на новинарско прашање во врска со новата блокада од Бугарија.

Мицкоски истакна дека националните отстапки кои се на понуда од Заев и оваа влада, гледаме дека немаат крај , бидејќи и барањата на нашиот источен сосед исто така се големи и практично се резултат на авантуристичката политика која ја има нашата влада изминативе години.

– Сега има нови предлози за преговори од 6 месеци, нови разговори на ниво на комисии, но никој не ја кажува вистината, а вистината откако поинаку беше протолкувано на новиот бугарски премиер ја кажаа неколку бугарски политичари меѓу кои Џамбаски кој е најголем македономразац на Балканот и тие кажаа што лежи позади блокадата. Тоа е дека ја сметаат Македонија за втора бугарска земја и дека се додека не биде делумно или целосно усвоена бугарската резолуција ние нема да добиеме можност да почнеме преговори со ЕУ, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се останато е авантуризам и нарушување на преговарачките позиции, колку повеќе коленичат Заев и Османи, толку поголеми ќе бидат барањата на нашиот источен сосед.

– Не е европска вредност и дипломатија ако коленичите, туку треба да покажете став и да се држите до црвените линии. Треба да работите и дома да има ниско ниво на криминал, а не да ви фаќаат по еден тон дрога како се шверцува, да може да има инвестиции, економија која оди напред, компетативно образование, реформиран здравствен систем, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This