дома Македонија (Видео) МИЦКОСКИ ЗА „XИБPИДHO НАПАДHATИОТ“: Иднината им ја земавте на граѓаните

(Видео) МИЦКОСКИ ЗА „XИБPИДHO НАПАДHATИОТ“: Иднината им ја земавте на граѓаните

Додека тендерите и аферите поминуваат неказнето, луѓето се иселуваат, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Тој додава дека Заев невистинито се фали со зголемување на плати и пензии кои во реалноста е кратење, продолжуваат да не задолжуваат со десетици, стотици милиони евра.

– Полека им ја одземаат иднината на сите наши граѓани, со секое ново задолжување, и тоа не се пари кои се трошат за нови инвестиции, туку за тековни трошења и сомнителни договори, напиша Мицкоски.
И за сето ова е виновен Зоран Заев. И не заборавајте, додека ја занимаваат јавноста со разно разни лажни вести, измислени стапици, хибридни напади, владата продолжува да не задолжува.