February 7, 2023, 9:28 am

(Видео) Мицкоски: Најавувам нова политика и концепт на заедништво, наречен Нов договор општествен консезус на сите рамноправни чинители околу заеднички патриотизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски на денешниот, 17 конгрес на ВМРО-ДПМНЕ беше повторно избран за претседател на партијата. Господинот Мицкоски изрази благодарност до членството за поддршката и укажаната доверба.

„На денешиот ден испраќаме порака на обединување и заедништво. Ова е конгрес во кој ВМРО-ДПМНЕ излегува посилно, со уште поголем елан и енергија за времињата што следат. Ако има некој кој сѐ уште се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ може да успее и сѐ уште е несигурен дека ВМРО-ДПМНЕ може да донесе сигурност во ова општество, кој сѐ уште се прашува дали сонот на нашите основачи е жив во нашете време, кој сѐ уште ја преиспитува моќта на нашата демократија и нашите верувања, денешниот ден е одговор на тие сомнежи и на тие прашања. Но и тоа е одговорот кој се гледаше во редиците на последните избори, во училиштата, во јавните објекти на гласање. Тоа е одговорот на енергијата која е разбудена и покажува дека можеме. Тоа е вербата која тлее во секој од нас дека Македонија може, дека Македонија знае како. Чистината на душите на нашите идни генерации, и јасноста во очите на нашата, и постарите генерации се доказ дека Македонија ќе се избори дека надежта пости. Се гледаше тој одговор кај луѓето кои чекаа со саати да гласаат, некои за прв пат во своите животи, затоа што тие веруваа дека овој пат мора да биде поинаку и поразлично, дека нивниот глас може да биде таа разлика која и треба на Македонија. Тој глас на средната класа богатите и сиромашните, партиски определените и неопределените, наши луѓе од различна верска или национална определба. Тие пратија порака до сите дека не сме само обична партија, дека не гледаат на политиката како на поделба на сини и црвени општини, на сина и црвена Македонија, туку дека постои една заедничка наша Македонија. За визија која нема да се претвори во некоја нова лага, за еден поинаков пристап во политиката, за сите оние сништа, кои мораме да ги направиме јаве.

Мицкоски упати порака до сите членовите на ВМРО-ДПМНЕ на месните и општинските комитети, на комисисте, униите и сите симпатизери и поддржувачи,да се подготват бидејќи ги чека многу работа и борба.

„Народот има очекуваа од нас и мора да ги оправдаме. Народот има надеж дека нешто ќе се промени. Мора да промениме. Народот верува дека може подобро. Мора да биде подобро. И конечно, народот сака да види избор, опција на која ќе и верува. Ние сме таа алтернатива и мора да направиме сѐ за да бидат убедени дека можат да се потпрат на нас. Не смееме да разочараме, не смееме да потфрлиме. Мора да успееме. И знам дека нашата борба не е само за да се победат избори. Знам дека не е само за партијата или поединци ниту за мене, затоа што ја сфаќаме сите сериозноста на задачата која лежи пред нас. Свесни сме за предизвиците, затоа сме и подготвени да кажеме дека надежта ќе победи, Македонија ќе победи.

Мицкоски нагласи дека на Македонија и е потребен нов општествен консезус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам, доктрина која ВМРО-ДПМНЕ ја сместува меѓу прогресивните партии во европското општество. Доктрината ја дефинира нашата борба за заеднички напредок и идеолошко и суштинско делување соочени со современите предизвици.
„Ви говорам за општествено обединување и таа палка со себе и пред себе ја зема ВМРО-ДПМНЕ и тој процес имам намера да го предводам со широко отворени раце пред секој еден човек и ги повикувам сите слободни индивидуи кои низ годините се распослаа низ светот, кои се демотивираа поради отсуството на организирано делување и станаа тивки пред неправдите, ги повикувам сите оние кои имаат свој став, кои имаат свое дело и почит кон себе и оваа наша земја, кои имаат визија, а кои губеа надеж низ годините, и кои се чувствуваат поразени не затоа што не се во право туку затоа што овие триесет години сите нас нè разединија, за полесно да владеат таквите медокритети, да им кажеме едно нешто – се обединуваме. Се обединуваме како тенки гранки собрани на едно место и во еден сноп кои стануваат непобедливи и нескршливи, и тој процес ВМРО започнува да го води по овој конгрес. Затоа јас ве повикувам сите тука, и сите оние надвор од оваа сала, и партиски определени и неопределени, придружете ни се. Победите не се промената која ја бараме туку само шанса да ја создадеме промената, да ја создадеме новата иднина.
Но ништо не може да се промени ако не сме заедно во тоа, без вас, да се промени духот на служењето на народот, ни треба нов дух, па затоа да го покажеме тој дух, на тој заеднички патриотизам, за кого и во кампањата говорев, на одговорност, кога секој од нас ќе одлучи да работи напорно и да се грижиме еден за друг. Ако некој праша за што се бориме? Се бориме за Македонија каква што сакаме да ја видиме низ нашата доктрина која денес ја носиме. А доктрината не е само нашиот буквар, туку и нашиот двоглед кон иднината“, истакна Мицкоски.

-Тоа е мојата лична филозофија на работење, ќе се водам според него и нема да отстапувам од него, затоа што убеден сум дека тоа значи напредок и реални суштински промени во државата, во начинот на рамислување, на делување… На Македонија ѝ треба нов договор кој ќе го оделотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел. Таквиот општествен договор кој ќе го понуди заедничкиот патриотизам е враќање на нашите надежи за тоа како требаше да изгледа државата во моментите кога се создаваше, како активна целина на рамноправни чинители, која ќе обезбеди праведен напредок и еднакви можности за сите, од која идеја длабоко низ овие 3 децении се застрани. Ентузијазмот пак во деведесетите кој се изгуби од човечкото оттуѓување, изневерените очекувања од политичарите и транзициите кои ги обезвреднија вредностите создаде поделеност кај луѓето, нивно занимавање со националистички теми, и понекогаш некои мои пријатели велат со право дека националистичките романтизми се коската фрлена од политичарите за создавање на завеса зад која се кријат криминалните интереси на тие кои управуваат со државата. Денес нема ништо од тој помалку наивен но многу искрен идеал за среќна иднина со создавањето на своја држава и по векови и векови талкање да бидеме свои на своето. Новиот општествен договор кој ќе го донесе заедничкиот патриотизам преку мобилизација на секоја креативна индивидуа треба да ги сруши ѕидовите и планините кои политичарите ги создаваа меѓу граѓаните, вели Мицкоски.

Тој додава дека заедничкиот патриотизам не е само празна флоскула туку филозофија врз кој почива оваа втора епоха.

-Заедничкиот патриотизам е подавање на рака едни со други во име на напредок кој заеднички го сакаме. Заедничкиот патриотизам значи и отворање на ВМРО-ДПМНЕ кон сите Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и наша соработка за подобар живот. Заедничкиот патриотизам значи создавање на имунитет кон секој обид на манипулација на власта кон етничките прашања кои нè разединуваат. Видовме дека нема ваши и наши, дека сите ние сме под истиот покрив кој подеднакво прокиснува за сите, кому му треба поправка и силно реновирање за да го вратиме сјајот и да биде подеднакво заеднички. Заедничкиот патриотизам од тој нов договор да ги градиме училиштата во Битола и Тетово, подеднакво како во скопско Ѓорче и скопски Чаир. Заедничкиот патриотизам од тој нов договор е да си ги вратиме децата кои поради истите причини ни се распослаа низ светот и сега ги затворија куќите. Заедничкиот патриотизам треба да ни ја донесе прогресивноста и градењето на заеднички институции. И за овие прашања планирам да разговарам со секоја една партија, со секој еден човек и фактор во државата. Подготвен сум да разговарам со секој искрен политичар кој ќе застане зад она што треба да биде нов процес во државата. Еден пријател, ми вели, ја погрешивме од самиот почеток, тргнавме како држава, едните во еден правец, другите во друг. Јас велам, не е доцна да ја исправиме работата, и да одиме напред едните слушајќи ги другите, едните заедно со другите.
Не е важно од каква боја или етничка припадност, каква вера има или партија доаѓа, но заеднички патриотизам е да имаме различност која меѓусебно ќе ја почитуваме. И солзите и болката, и надежта и среќата подеднакво ја чувствуваме. Мора да имаме почит за гробовите на хеорите, за делата на великаните, да бараме почит, и да ја даваме почит.

„Заедничкиот патиотизам значи и отворање на вратите на ВМРО-ДПМНЕ за сите заедници кои веруваат во она во што веруваме и ние, рушење на границите, стереотипите и ново стратешко позиционирање кон сите останати заедници кои се дел од македонската нација“, заврши Мицкоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This