February 7, 2023, 10:20 pm

(Видео) Мицкоски: Kога ќе нè сретнат со цинизам и потценување, и кога ќе ни кажуваат дека не можеме, ние ќе одговориме гордо и со крената глава …можеме… и ќе победиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија може да се промени. Таа промена зависи од нас. Македонијо, дојдовме до овде но има уште многу пред нас, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање по неговиот реизбор на за претседател на 17-тиот Конгрес, додавајќи дека треба да работиме да се избориме да создадеме подобар живот, подобри можности за младите и идните генерации.
– Ова е нашето време да покажеме како се работи, да отвориме работни места, да го зголемиме стандардот, да го подобриме здравството, да покажеме грижа за земјоделците, за социјалците, за пензионерите, младите, професорите и докторите, за полицајците и војниците, за работниците, бизнисмените, за идните генерации да видат од што сме направени и дека во нашите жили, крв и месо има нешто останато од оние заради кои го имаме ова што го имаме, рече Мицкоски.
Тој истакна дека треба да ги отвориме вратите на можностите за нашите деца, да го вратиме просперитетот, да ја вратиме државата на граѓаните, да ја чувствуваат за нивна, дека ги слуша и почитува и дека ги вреднува и работи за нив.
– Ајде заедно да го создадеме македонскиот сон, составен од фундаменталната вистина која е содржана во Крушевскиот манифест, која повикува на заедништво, да станеме од многу – Едно, и кога ќе нè сретнат со цинизам и потценување, и кога ќе ни кажуваат дека не можеме, ние ќе одговориме гордо и со крената глава – МОЖЕМЕ и ќе победиме, нагласи Мицкоски.
Тој посочи дека таа победа, ќе биде за секој еден човек, победа во која веруваме и победа со која ќе покажеме дека Македонија е силна, наша и заедничка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This