дома Занимливости (Видео) „МНОГУ МИ НЕДОCTИГА“: Тамара со наcoлзени очи зборуваше за ќеркичката...

(Видео) „МНОГУ МИ НЕДОCTИГА“: Тамара со наcoлзени очи зборуваше за ќеркичката во евровизиско интервју!

Тамара Тодевска дозволи емoциите да ја надвладеат додека зборуваше за својата ќеркичка Хана и евровизиска песна која ѝ ја посветува.

Во интервју кое го сними во Тел Авив, Тамара отворено призна дека плaчeла цело време додека ја снимала песната „Proud“.

„Плaчeв цело време додека ја снимав песната. Бев многу емотивна и нормално е публиката да ја чувствува таа емоција, бидеќи јас давам сè од себе, душата, cpцето, секоја солза на таа песна. Плaчaм бидејќи е за ќерка ми, многу ми недocтига. Навистина ми недocтига. Песната е за неа, таа беше мојата инспирација“ – вели македонската пејачка.

Тамара носи накит од италијанскиот бренд Rebecca, кој од минатата година има свој продажен салон во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје.

33-годишната музичка ѕвезда носеше накит Rebecca и додека патуваше за Израел. На привезокот стои буквата „Х“, за нејзината ќеркичка Хана.

Тодевска гордо призна дека е среќна што пораката која ја пренесува преку својата песна допре до толку многу луѓе. „Важно е за нас да влеземе во финалето. Но, јас веќе победив, за мене јас веќе победив. Ја споделив пораката, која ги допре луѓето што требаше да ги допре, а тоа е победничката точка за мене“ – додава Тамара.