дома Хроника (Видео) Мош дoби зaбpaнa зa paбoтa: Гocтитe бeгaлe пpeкy oгpaди

(Видео) Мош дoби зaбpaнa зa paбoтa: Гocтитe бeгaлe пpeкy oгpaди

Кафулето Мош доби забрана за вршење на дејноста и е запечатен бидејќи доцна синоќа МВР во координација со ДПИ извршиле контрола во објектот и по завршувањето на работно време утврдиле дека се уште работи. Од полицијата велат дека контролата била извршена вчера во 22:30 часот, и тоа во координација со Државниот пазарен инспекторат и полициски службеници од СВР Скопје.

„При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност. По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, стои во соопштението од МВР.

На Твитер се споделува видео снимено од зградата до која се наоѓа кафулето.

Освен во овој објект, контроли биле извршени и во јога студио каде биле затекнати вежбачи, „Три кичен“ и „Холивуд“ каде, исто така, имало гости во алкохолизирана состојба кои бегале од споредни излези.

Во Станица 26, едната врата била затворена па гостите излегувале преку излез од друга врата за да бегаат. Ама полицијата ги чекала од двете врати и го затвориле објектот.