November 29, 2022, 3:54 pm

(Видео) Муцунски: Со поставување на фотоволтаици во сите 8 основни училишта ќе се зголеми енергетската ефикасност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес почнуваме со реализација на еден одличен проект. Се поставуваат фото-волтаици во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром. Ќе помогнат за зголемена енергетска ефикасност, ќе помогнат и да се снабдуваат со електрична енергија, како и дел од градинките во општина Аеродром, ијави денеска за медиумите, Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

Тој истакна дека има намера да продолжат со реализација на овој проект, да ги опфати сите градинки во иден период, но исто така и на други јавни објекти кои планираат да ги градат на територија на општина Аеродром, а кои се од капитално значење.

– Истовремено, би сакал да ви кажам дека претходната недела потпишавме договор со Европската унија, проект вреден над 800.000 евра во делот на селекција на отпад каде што очекуваме дека Аеродром ќе стане пионер во областа на селекција на отпад и тоа е секако поддржано од страна на Европската унија. Што значи дека, сериозно работиме на реализација на проекти кои што се поврзани со заштита на животната средина, користење на обновливи извори на енергија и во таа насока да ја направиме Аеродром модерна општина како што заслужува да биде, додаде градоначалникот Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This