дома Европа (Видео) Италија гори: Наредена евakyација во делови од земјата, пожaрите се проширија...

(Видео) Италија гори: Наредена евakyација во делови од земјата, пожaрите се проширија кон туристичките места

И Италија деновиве се бори со катастрофални пожари. Викендов се регистрирани повеќе од 800 пожари, претежно на југот на земјата, објави италијанската Национална противпожарна служба.

Пет лица се повредени, а туристите се евакуирани откако борова шума изгоре во близина на плажа во Пескара, Италија.

Петгодишно девојче е пренесено во болница, но се верува дека нејзината состојба не е опасна по живот, пренесува Гардијан.

Околу 800 луѓе беа евакуирани од своите домови, вклучувајќи го и манастирот на калуѓерките, откако избувна пожар во природниот парк Пинета Данунциана од 53 хектари во близина на Пескара. Пожарите се уште се активни на различни фронтови.

– Моравме да евакуираме неколку куќи и одморалишта поради чадот – изјави Карло Маши, градоначалник на Пескара. – Најголем проблем е жешкиот ветер. Правиме се што можеме за да ја ограничиме штетата.

Во последните 24 часа пожарникарите извршија повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуглија и Калабрија, 90 во Лацио и 70 во Кампанија – објави италијанската национална противпожарна служба на Твитер.