дома Русија (Видео) СВАДБЕН ПОДАРОК ОД ВЛАДИМИР ПУТИН ПРОДАДЕН НА АУКЦИЈА: Погледнете колку пари...

(Видео) СВАДБЕН ПОДАРОК ОД ВЛАДИМИР ПУТИН ПРОДАДЕН НА АУКЦИЈА: Погледнете колку пари беа дадени за автомобил “Буба“ со автограм од рускиот претседател!

На аукција беше продаден свадбениот автомобил „волксваген битл“, односно популарната „буба“, која ја краси автограм на рускиот претседател Владимир Путин, а била подарок за свадбата на Карин Најтсл.

Парите се дадени за добротворни цели. Автомобилот е продаден мината година на аукција за 20.000 евра.

Министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Најтсл, се присетува дека доаѓањето на Путин на нејзината венчавка била вистинска атракција за медиумите.

„Кога дознав дека тој се догласи да дојде на венчавката, ми беше јасно дека ќе има реакции од медиумите. Путин секогаш е шармантен, и со нас го сподели тој среќен ден“ рекла таа.