дома Свет (Видео) На Гвинеја и се закaнува дpжaвен удap – пyкaњe во близина...

(Видео) На Гвинеја и се закaнува дpжaвен удap – пyкaњe во близина на прeтсeдатeлската палaта

Силно пукање се слушнало утринава во близина на претседателската палата во центарот на главниот град на Гвинеја Конакри.

На улиците патролираат оклопни возила и камиони со војници, изјави извор за Ројтерс, а на социјалните мрежи се шират видео снимки.

Воен извор кажал дека е затворен единствениот мост кој го поврзува копното со населбата во која се повеќето министерства и претседателската палата и дека многу војници, некои од нив тешко вооружени, се распоредени околу палатата. Висок владин функционер соопшти дека претседателот Алфа Конде не е повреден, но не даде повеќе информации.

Сведок за Ројтерс изјавил дека видел цивил со прострелни рани. На снимките на социјалните мрежи се слуша пукање кое одекнува низ градот, како и возила со војници кои приоѓаат до централната банка во близина на палатата.

Репортерот на Ројтерс видел два конвои на оклопни возила и камиони кои се движеле кон пристаништето Конакри, исто така во близина на палатата. Конвојот го следело возило на брза помош. Во октомври 83-годишниот Алфа Конде го освои третиот претседателски мандат на изборите кои беа обележани со насилство и на кои беа убиени десетици луѓе.

Видеото можете да го погледнете тука и тука.