February 7, 2023, 10:31 pm

(Видео) Нелоски: Ќe зaвpши и втopиoт кpyг и ќe изгyби, а Петре yштe ќe читa пpecoви co пpoeктитe нa Коце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе заврши и вториот круг и ќе изгуби, а Петре уште ќе чита пресови со проектите на Коце Трајановски.

Петре Шилегов е најдобриот препишувач, најпрвин ги копираше проектите на Данела, па половично презентирани ги претставуви како свои, а потоа отиде и чекор понатаму па почна да се фали со проектите на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, се наоѓаме пред станбено деловниот комплекс на „Лимак”, инвестиција која ја потпишаа и договорија Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски уште во 2012-та година. Со оваа инвестиција инвеститорот се обврзува да направи подземна сообраќајница под целиот комплекс во должина од 800 метри.

Подземната сообраќајница е само еден дел од проектот на подземна сообраќајница кај Јужен булевар, ВМРО-ДПМНЕ своевремено распиша тендер за проектирање на подземна сообраќајница од делот каде завршува подземната која ја гради „Лимак”, па до турбо кружниот тек кај Католичка црква со кружен тек на две нивоа кај Нова Македонија и кон Кисела Вода, од катната гаража до Рампа, каде треба да има исто така два кружни тека.

Шилегов не ги продолжи проектите за подземната сообраќајница кои што беа под ингеренции  на Градот Скопје и која е обврска на Градот Скопје, туку се фали со привршување на подземната сообраќајница на делот кој е обврска на „Лимак”, инвестиција која што е донесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов продолжи и со презентација на турбо кружниот тек кај Момин поток, исто така проект на Коце, и таман помисливме дека Петре завршил, еве го денес повторно со уште еден проект од Коце, го копира Луна паркот, кој до сега ќе беше изграден да не беше тој, а не е направен се разбора токму поради Шилегов.

Петре, наместо да се фалиш со туѓи проекти, кажи до каде се другите два дела на подземната сообраќајница кај Јужен булевар, или до каде е тунелот под Кале, проекти кои што ти треба да ги изградиш, најверојатно не ги споменуваш затоа што си не си способен ниту еден од нив да реализираш?!

Доколку не знаеш не се мачи да одговориш, и така ти остануваат уште неколку денови како градоначалник, а потоа деталната ревизија на твоето работење ќе ги даде сите одговори, кои ти одбегнуваш веќе подол период да ги дадеш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This