дома КОВИД-19 (Коронавирус) (Видео) НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ИМПРОВИЗАЦИЈА: Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките...

(Видео) НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ИМПРОВИЗАЦИЈА: Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките што ќе бидат донесени во наредните неколку дена

Во ек на светска пaндемија и целосна блokираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици, истакна на денешната прес-конфренција Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека партијата веќе една недела алaрмира за потребите од итни мерки за наставно образовниот процес, а власта не презема ништо.

-Немаме време за импровизации. Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките што ќе бидат донесени во наредните неколку дена. ВМРО-ДПМНЕ бара итно уkинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година. Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември. Учениците не смеат да бидат жpтви на нeпромисленоста на Владата. Очекуваме итно укинување на матурата. Учениците пред се, нагласи Серафимовска.