дома Занимливости (Видео) Необично милениче: Девојка од Русија вози мечка на совозачко седиште

(Видео) Необично милениче: Девојка од Русија вози мечка на совозачко седиште

Жителите на Новосибирск во Русија веќе се навикнати на нивниот необичен сограѓанин, хималајската мечка Топтижко, кого често можат да го видат на улиците на градот, и покрај фактот дека изгледа страшно.

Како што вели Вероника Дишка (24), не сака да користи кафез, па кога таа и Топтижко патуваат со автомобил, мечката е на патничкото седиште.

– Додека патува со автомобил, Топтижко се однесува прилично мирно, иако понекогаш сака да си игра со сигурносен појас. Тој е љубопитна мечка, најмногу го интересира воланот. Исто така, тој сака да ги вклучува и исклучува светлата со муцката – рече Дишка и додаде дека мечката „секогаш има позитивен став кон патувањата, поради својата љубопитна природа“.

Маја Кирсанова, сопственичката на мечката, побарала од Дичка да и помогне да се грижи за него и оттогаш е со него речиси секој ден.

– Често ме прашуваат дали се плашам од мечки, но јас би рекла – напротив, се чувствувам безбедно со Топтижко – рече Дишка.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.