December 6, 2022, 12:19 pm

(Видео) Николоски од Гевгелија: Андон e чoвекот кoj имa пpoгpaмa коja ги peшaвa клyчнитe пpoблeми нa гeвгeличaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес сме во посета на општина Гевгелија, да поразговараме со граѓаните во однос на претстојните избори на 31-ви октомври.
Во Гевгелија дефинитивно ќе се случат промените. Всушност, резултатите во првиот круг тоа го покажуваат и сум убеден дека резултатите во вториот круг ќе бидат уште поубедливи за Андон Сарамандов и за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што промените во Гевгелија се извесни.

Во изминатите четири години за жал градот назадуваше, преку 1500 луѓе ја напуштија Гевгелија во овие четири години и целосно се отселија затоа што економски градот стагнира, а градоначалникот Сашо Поцков во тесен круг  ги носеше одлуките. Андон е човек којшто го знае градот, којшто ги знае луѓето кои живеат тука и ги знае нивните потреби и заедно со тимот што го има и со мнозинството кое ќе го има во рамки на советот, сум убеден дека ќе ги носат најдобрите одлуки за Гевгелија.

Имаме програма којашто е јасна, концизна и која дава клучни одговори за клучните прашања. Но, овие избори не се избори само за Гевгелија, ова се избори за Македонија затоа што на овие избори референдумски одлучуваме дали Македонија ќе продолжи да назадува, да тоне во криминал и корупција и економски да уназадува, или ќе почне да се развива.

Овие избори се избори – референдум за иднината на Македонија и затоа ве повикувам на 31-ви октомври масовно да излезете и да гласате, потребна е голема референдумска и масовна излезеност за да се случат промените во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This