дома Актуелно (Видео) Николocки: Maкедонија ce нaoѓа во нajголемата кpизa од ocaмостојување до денec,...

(Видео) Николocки: Maкедонија ce нaoѓа во нajголемата кpизa од ocaмостојување до денec, потpeбна е Bлaда зa нaциoналeн спac

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс истакна дека Република Македонија се наоѓа во најголемата криза од осамостојувањето на државата. Според него решението за излез од кризата е само едно, формирање на Влада за национален спас составена од најголемите експерти во своите сфери, Влада која ќе има мандат се до завршување на корона кризата, а потоа да се оди на предвремени парламентарни избори.

-Економската криза допрва доаѓа, сега е само почеток. Доаѓаат тешки месеци тешок период пред нас, ова е само почеток. Не гледам капацитет во овој економскиот тим на Владата да се справи со оваа ситуација. Ние решението го понудивме, решението е оставка на оваа Влада да си замине Зоран Заев. Да се формира Влада за национален спас која што ќе се справи со трите големи кризи, економската здравствена и кризата во областа со евроинтеграциите и односи со Бугарија. Македонија се наоѓа во најголемата криза од своето осамостојувањедо денес. Решението е да се соберат најголемите умови на едно место во една Влада за национален спас поддржана од сите политички партии и после нормализацијата на состојбата да се оди на предвремени парламентарни избори, вели Николоски.