дома Македонија (Видео) Нова снимка од инцидeнтитe: Тетoвец со циглa во рaката тpгна кон...

(Видео) Нова снимка од инцидeнтитe: Тетoвец со циглa во рaката тpгна кон полицајците

На социјалните мрежи се појави ново видео од вчерашните инциденти во Тетово, а од снимката се гледа како еден човек се обидува да нападне полициски службеник. Тој во рака држи бетонска цигла, а во повеќе наврати замавнува со циглата кон главата на еден од полицајците.

Тетовци излегоа на протест за да побараат правда за жртвите од пожарот во модуларната болница и одговорност од надлежните.

Протестот започна во центарот на градот Тетово, а демонстрантите се упатија кон општинската зграда кон која фрлаа со јајца. Потоа, демонстрантите се упатија и кон седиштето на ДУИ, но полициските кордони во Мала Речица не дозволија тие да стигнат пред седиштето на партијата, каде што ситуацијата беше тензична.

Од партијата на Али Ахмети, пак, обвинуваат дека протестот бил организиран од опозицијата и повикаа тие да не си играат со чувствата на граѓаните.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.