дома Свет (Видео) Нов гаф на Бајден, никако да го погоди името на новиот...

(Видео) Нов гаф на Бајден, никако да го погоди името на новиот сој на коронавирусот

Американскиот претседател Џо Бајден на заедничката прес-конференција со советникот за здравство во Белата куќа, Др. Ентони Фаучи, повторно изненади, неколку пати грешно изговарајќи го името на новиот сој на коронавирусот, омикрон, инсистирајќи дека тоа не е причина за паника, пишува РТ.

За време на прес-конференцијата во понеделникот, Бајден повика на смиреност пред најновата варијанта на коронавирусот, што Светската здравствена организација (СЗО) ја објави минатата недела.

За време на своето обраќање, Бајден ги бранеше патните ограничувања наметнати на многу африкански земји и ги повика Американците да се вакцинираат за да се заштитат од новиот сој.

Многумина забележаа дека Бајден упорно го погрешно го изговара името на новата варијанта на вирусот, нарекувајќи го „омникрон“.

Многумина укажаа на повеќекратните грешки на Бајден додека зборуваше за варијантата, а многумина истакнаа дека грешката е мала, но и невообичаена, бидејќи Бајден бил информиран за таа тема повеќе отколку мнозинството, пишува РТ.