(Во живо) Нов Канцелар во Германија по 16 години – Завршува ерата на Ангела Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот германски парламент го избра Олаф Шолц за канцелар откако Ангела Меркел заминува по 16 години на чело на најголемата европска економија. Тој сега треба да положи заклетва, заедно со новиот кабинет. – Пренесуваат од Дојче Веле.

Германскиот Бундестаг го избра Олаф Шолц за канцелар во средата наутро, додека Ангела Меркел си заминува од политичката сцена.

Утринското гласање на Долниот законодавен дом на Германија, одржано со тајно гласање и без дебата се сметаше за чиста формалност.

Претседателот на Бундестагот Бербел Бас го отвори гласањето. Членовите на парламентот со 395 од 707 гласови гласаа Шолц да стане нов шеф на германската влада.

Сепак, не гласаа за сите членови на таканаречената „семафор коалиција“ на Шолц. Да го направеа тоа, ќе добиеше 416 гласа.

Имаше 303 гласа против и 6 воздржани од вкупно 736.

Централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) на Шолц се појавија како најголема партија на општите избори во септември и оттогаш преговараа за коалициски договор со Зелените и нео-либералната Слободна демократска партија (ФДП).

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This