дома Образование (Видео) Образовниот концепт е можност бeзболно да се протнат решенијата на историските...

(Видео) Образовниот концепт е можност бeзболно да се протнат решенијата на историските комисии

Во однос на „случајното“ совпаѓање со образовните реформи со актуелните проблеми кои Македонија ги има со Бугарија, Игор Јаневски, наставник по историја од средното училиште Никола Карев во Скопје за Инфомакс изјави реформите се можност безболно да се имплементираат одликите на Историската комисија за историски прашања.

„Со ова фрагментирано, нехронолошки предавање на историјата, бидејќи не може хронолошки да се предава историја заедно географија, би можело побезболно да се протнат евентуално новите решенија донесени на овие две комисии и со тоа можеме да кажжеме дека покрај тоа што се нагласува декларативно од малкуте поддржувачи на овој концепт дека ќе се изврши деполитизација на историјата, се случива сосема обратно, тука би се надоврзал и со таа демитологизација“

Јаневски додаде дека со по промената на името, историјата како наставен предмет во Македонија сосема изгуби една од примарните функции а тоа е градење на љубов кон татковината.

„Држава што сменила име и дополнително да се тврди дека е митологизирана, би кажале дека останатите држави во светот, каде што е една од примарните функции на историјата како наставен предмет градење на патриотиотски, национални чувства, овде е тоа сосема спротивно“, коментираше тој.