дома Балкан (Видео) ОРБАН ВЕЌЕ 10 ГОДИНИ Е НА ВЛАСТ: И се заблагодари на...

(Видео) ОРБАН ВЕЌЕ 10 ГОДИНИ Е НА ВЛАСТ: И се заблагодари на нацијата за поддршката

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и се заблагодари на нацијата за довербата на десетгодишнината од неговото стапување на функцијата.

Орбан првпат беше избран за премиер во 1998 година, за период од две години, а актуелниот мандат како премиер го започна на 29 мај 2010 година. Неговата десничарска партија Фидеш победи со убедливо мнозинство на изборите во 2010 година, како резултат на високото ниво на корупција и неспособност на дотогаш владејачките левичарски партии. Како резултат на пазарните реформи на Фидеш, вториот, веќе десетгодишен мандат на Орбан беше одбележан со висока стапка на економски раст, и високи изборни победи на Фидеш во неколку изборни циклуси.

Десет години. Ти благодарам на довербата Унгаријо, порача Орбан во видеото во кое се содржани некои од водечките настани од изминатите 10 години, економските и спортските успеси, но и улогата на Унгарија во борбата против мигрантската криза, природните несреќи и формирањето на самостојна надворешна политика.