дома Македонија (Видео) ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОСКИ ЧИТА ПРЕПИШАНИ ГОВОРИ ОД НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК: Бакрачевски пример...

(Видео) ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОСКИ ЧИТА ПРЕПИШАНИ ГОВОРИ ОД НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК: Бакрачевски пример за актуелниот градоначалник на Охрид

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, цела година чита препишани говори од неговиот претходник Никола Бакрачески, пишува порталот Охрид1.

Првпат, градоначалникот Стојаноски на 8 декември 2017 година прочита дословно препишан говор кој на 8 декември 2013 година го прочитал тогашниот градоначалник Бакрачески.

Препишан говор, Стојаноски читаше и на церемонијата по повод празникот 11 Октомври.

Ова е само уште еден доказ дека локалните власти не само што не работат и не ги извршуваат тековните задолженија, тие не се во можност ниту еден говор и излагање со сопствени зборови да го истакнат.