дома Актуелно (Видео) Пандов: Додека да стигнат вакцините, ние ќе стекнеме колективен имунитет

(Видео) Пандов: Додека да стигнат вакцините, ние ќе стекнеме колективен имунитет

Во денешното издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс гостуваше Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со домаќинот, Александар Митовски, зборуваше за ковид кризата и неспособноста на власта да се справи со истата, со тоа што се уште не успеаја да набават вакцини.

„Ние да сме вистинска држава, Заев и Филипче треба да одговараат за ова што ни го прават, од идеолошки и од политички причини. Тоа само во Македонија и никаде во светот они на понудена рака, откажуваат“, коментираше Пандов за одбивањето на вакцините што на власта на Македонија и беа понудени од руската амбасада.

Пандов изрази загриженост дека додека да стигнат вакцините во Македонија, ние веќе нема да имаме потреба од вакцинирање.