дома Занимливости (ВИДЕО) ПАРКИРАЛ НА МЕСТО ЗА ИНВАЛИДИ: Му одржале брутална лекција

(ВИДЕО) ПАРКИРАЛ НА МЕСТО ЗА ИНВАЛИДИ: Му одржале брутална лекција

Група луѓе од бразилскиот град Маринга, му одржале лекција на арогантниот возач.

Мажот го паркирал својот автомобил на место резервирано за инвалиди. Овој прекршок е еден од најчестите во сообраќајот затоа што возачите, во отсуство на места за паркирање, често ги оставаат своите автомобили „кратко“ на резервираните места.

Целосното отсуство на емпатија и хуманост, чувство за другите води кон такви потези.

Сепак, има такви кои сакаат да вршат притисок за правда, а овој бесчувствителен возач тоа го почувствува на сопствена кожа.

Луѓето го забележале неговиот автомобил паркиран неправилно, потоа зеле стотици самолепливи сини парчиња хартија и целосно го излепиле неговиот автомобил.

Хартијата ги покрива прозорците и тркалата, ниту еден дел од автомобилот не се гледа. Потоа собраните граѓани го чекале возачот, тој пристигнал, налутено влегол во автомобилот, додека сите се смееја и му аплаудираа.

Беше толку нервозен што се обидуваше да вози иако веројатно не гледал ништо, извади парче хартија и почна да вози, а стикерите се тркалаа по целата улица.