дома Македонија (Видео) Пендаровски станува првиот претседател што го прекршил уставот

(Видео) Пендаровски станува првиот претседател што го прекршил уставот

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе стане првиот претседател на држава кој носел противуставни одлуки откако ја загуби поддршката од опозицијата во Собранието.

Пратеникот Антонио Милошоски во име на ВМРО-ДПМНЕ пред малку во Собранието објави дека опозицијата нема да гласа за потврдување на 5 укази за прогласување на вонредна состојба од страна на Пендаровски.

Милошоски наведе три причини за ваквата одлука: прво, лоши резултати во битката со Ковид19, второ, влошени економски состојби кои беа причина за воведување вонредна состојба и трето, злоупотреби на вонредната состојба за правење поткуп и носење на закони кои не смеело да се носат како тие за марихуана, будење дијаманти и други.

Одговор за тоа што ќе се случи сега во врска со можната уставна криза Милошоски сугерира да се бара од владата, Пендаровски и Уставниот суд.

За Указите на Пендаровски да бидат во согласност со уставот тој треба да добие 2/3 од гласовите на пратениците или најмалку 80 гласови.