October 1, 2022, 8:43 am

(Видео) Повторно бpkaница над црното море: Руски ловци истepaa авиони на HATO

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три француски воени авиони се обиделе да се приближат до руските граници на Црното Море, но руските ловци Су-27 ги принудиле да се оддалечат.

Екипажите на руските ловци идентификуваа воздушни цели како два тактички ловци „Мираж 2000“ и „Рафал“ и авион за полнење гориво С-135“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

На видеото се гледа дека руските авиони биле на минимално растојание од француските – само неколку десетици метри.

Француски пилоти биле видени во кабините и во авионите со француското знаме.

Според материјалите на руското Министерство за одбрана, француските авиони биле вооружени со наведувчки ракети воздух-воздух АИМ-9 и „Метеор“, а имале и дополнителни резервоари за гориво со цел да се зголеми должината на летот.

Воените авиони на НАТО редовно се појавуваат над Црното Море. Минатата недела руските авиони Су-27 и Су-30 беа подигнати во воздух за да ги придружуваат американските извидувачки авиони RC-135 и CL-600 „Artemis“ и да го спречат нарушувањето на државната граница.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на крајот на ноември укажа на аткивности на земјите од НАТО во близина на руските граници. Тој нагласи дека во такви услови Москва е принудена да ја задржи борбената готовност на своите нуклеарни сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This