дома Спорт (Видео) ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РЕАКЦИЈАТА: Ракометарите на Хрватска најавени како Срби

(Видео) ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РЕАКЦИЈАТА: Ракометарите на Хрватска најавени како Срби

Младите ракометари на Хрватска учестуваат на Светското првенство во Шпанија каде пред мечот против Португалија спикерот ги најави како Срби.

-А сега е време за химната на Србија. Овој момент, химната на Србија- рече спикерот, а потоа следуваше реакција од клупата на хрватската репрезентација.

Некои хрватски ракометари ја спуштија раката од градите, па настана молк во салата. По неколку секунди спикерот сфати дека направи грешка и се извини.

Слушнете ја реакцијата на хрватскиот коментатор по интонирањето на химната: