дома Актуелно (Видео) Познат идентитетот на напаѓачите на Инфомакс: Ocyдуван пeдофил и таткото на...

(Видео) Познат идентитетот на напаѓачите на Инфомакс: Ocyдуван пeдофил и таткото на Џемо од Прилеп

Пред малку Инфомакс го објави видеото од нападот на нашата екипа во Прилеп.

Набрзо потоа десетици граѓани се обратија до нашата редакција со податоци за напаѓачите.

Еден од напаѓачите, е татко Александар Спиркоски – Џемо познат во Прилеп по неговото богато криминално досие, Круме Спиркоски.

Во снимка објавена мината година за парламентар ните избори Александар Спиркоски- Џемо и Бајрам Рифатоски- Бајрамче говорат како земале пари од партија од власта и тоа во висина и до над 10 илјади евра.

На видеото се слуша како членови на партија од власта им делеле на Ромите брашно, шеќер, масло и сол, пипер и макарони ги тераат да гласаат за владеачката партија

Другиот напаѓач е извесен Винко Талески од Прилеп кој одговарал за полов напад на дете и педофилија пред 2 месеци пуштен од затвор.

Нашите информации велат дека тој бил повеќе пати осудуван и го повторувал делото. Нашите извори велат дека Талески бил специјално ослободен од затвор пред изборите.

Видеото погледнете го тука.