(Видео) Полицијата ја следи екипата на Инфомакс во Баир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс и вечерва е во Битола, поточно во Баир маало, каде што изминатие години цело време е забележуван поткуп, кој утрово беше снимен и со нашата камера. Она што е ново е дека веќе 30-45 минути, екипата на Инфомакс е следена од бел голф, во кој што претпоставуваме дека се наоѓаат полициски службеници.

Новинарот Милош Милошевски, во претходното вклучување во живо информираше дека екипата е следена од автомобил, шкода октавија, црвена боја, која потоа ги сопре нашите колеги и ги легитимираше.

„Јас се претставив како новинар, и откако ја видоа мојата легитимација, запишаа податоци, така да знаат ко сме и што сме кој се вози во оваа кола“, потсети Милошевски и јавно праша зошто се следат новинари во населба во Битола во којашто за време на изборен процес често се случувало да има изборен поткуп.

„Зошто не бркаат вистински криминалци, зошто не бркаат луѓе коишто купуваат гласачи, него, бркаат новинари?, прашува Милошевски додавајќи дека биле следени цело време се додека биле во Баир.

„Ова што се случува не може да го видите во нормална и демократска држава. Значи новинари да бидат следени со полиција цел ден, стварно не ја гледам причината, посебно бидејќи не легитимираа и знаат дека сме тука“, реагира Милошевски.

Тој порача дека екипата останува во Битола да следи што се случува.

„Се надевам дека нема да се повтори ситуацијат од Прилеп, да бидеме повторно приведени, нема да ја поминуваме ноќта и во битолската полициска станица, но ова што јас го гледам и што ми се случува морам да го споделам со македонската јавност. Не знам дали уште не следат, но да ги поздравам и да им кажам дека ние остануваме тука во Баир, не мора да не следите, тука сме“, порача Милошевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This