дома Балкан (Видео) Половина милион кинески вакцини вечерва пристигнаа во Србија

(Видео) Половина милион кинески вакцини вечерва пристигнаа во Србија

Половина милион дози од кинеската вакцина „Синофарм“ против вирусот корона пристигнаа на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Авионот со кинески вакцини на аеродромот го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Почитувани граѓани, покрај протоколот дојдов вечерва на аеродромот Никола Тесла, а зад мене е нашиот најголем авион А330, кој испорача 500.000 дози на кинеската вакцина Синофарм“, објави Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Видеото можете да го погледнете ТУКА