дома Македонија (Видео) ПОРАДИ ВАЛКАНИТЕ БИЗНИСИ НА ВЛАСТА СЕЛОТО ГАРИ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА:...

(Видео) ПОРАДИ ВАЛКАНИТЕ БИЗНИСИ НА ВЛАСТА СЕЛОТО ГАРИ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА: Tри години трае битката на жителите од селото Гари

Три години трае битката на жителите од село Гари со институциите, објави „Дома.еду.мк“.

 

 

Толку време тие се обидуваат да докажат дека концесијата за детални геолошки истражувања е незаконска. но наместо реакција од надлежните, минатата година Министерството за економија доделило и концесија за експлоатација на минерална вода. Тие стравуваат дека концесионерот ќе го експлоатира и изворот од кој пијат вода со децении наназад, а тоа целосно ќе го уништи селото. Не прифаќаат компромиси, освен одземање на концесијата.