дома Македонија (Видео) ПОСЛЕ НАПОРЕН ,,БРЕЈНДРЕИН” НА ЗАЕВ МУ ТЕКНА: Во иднина соговорникот ќе...

(Видео) ПОСЛЕ НАПОРЕН ,,БРЕЈНДРЕИН” НА ЗАЕВ МУ ТЕКНА: Во иднина соговорникот ќе го проверува преку видеоразговор

Со премиерот Ципрас имаме толку телефонски разговори на ватс ап во целиот овој период, заради поддршка на нашите министри, заради креирање на идеи, изнаоѓање на решенија, затоа што бевме составен дел од преговарачкиот процес, но сето тоа е во делот на креирање и поттикнување на идеи. Сите состаноци кои се оддржале во разговорите за Договорот од Преспа си имаат свои записници, тие си стојат во архивите на МНР и тука апсолутно се запазува целиот протоколарен дел.

Вака македонскиот премиер Зоран Заев ја оправдува својата постапка, дипломатски разговори да прави преку ватс ап комуникација. На прашањето дали не му текнало видео разговор да направи за да види со кого навистина зборува, Заев вели:

-Денеска кога гледаме што се случи, да. Секако тоа и на тој начин можам да го проверам, за во иднина. Но во истиот момент апсолутно не ви паѓа на памет дека е возможно некој тоа вака да го реализира. Гледате дека имаме и конференциска врска. Тоа ја покажува инвентивноста на креаторите на овие пранкови кои апсолутно ги правеле насекаде во светот. За жал се направени и со нашата земја.