дома Актуелно (Видео) Премиерот се слече по „paмбовка“ и се вakцинараше со вakцината на...

(Видео) Премиерот се слече по „paмбовка“ и се вakцинараше со вakцината на Синофapм

Премиерот Зоран Заев денеска во скопската сала „А1 арена Борис Трајковски” се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм”. Премиерот вели дека ја примил вакцината кој што била на располагање кога му дошол редот, согласно Националниот план за имунизација.

„Се чувствувам добро и ќе ги продолжам работните обврски. Ги повикувам граѓаните да се пријават за вакцинација за да може летово што поголем број лица да бидат имунизирани”, рече Заев.

Досега во С. Македонија се вакцинирани 74.076 граѓани. Последните податоци укажуваат дека 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вчера се аплицирани 9.123 вакцини од кои 7.963 прва доза, а останатите се ревакцина.