(Видео) Претседателот Пендаровски ce oбpaти нa caмитoт нa Пpoцecoт зa copaбoткa вo Југоисточна Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржува во Анталија, Република Турција.

Во своето обраќање, нагласувајќи ја важноста од регионалната соработка, претседателот Пендаровски истакна дека, во рамките на ПСЈИЕ, во изминатиов период се постигнати значајни резултати, како во политичката, така и во економската, безбедносната и социјалната сфера.

„Ние сме релативно мали како земји и економии, но заедно сме силни. Фактот дека имаме разлики и различни ставови за членство во разни меѓународни сојузи, не исклучува поблиска соработка во сите поврзани секторски области од заеднички интерес”, рече претседателот Пендаровски, осврнувајќи се на пандемијата од ковид-19 која наметна изнаоѓање нови начини на соработка, давајќи приоритет на економското закрепнување на регионот на Југоисточна Европа.  

Стратегијата ЈИЕ 2030, која треба да се одобри денес, нагласи претседателот Пендаровски, е пресвртница за регионалната соработка во Југоисточна Европа, а нејзината имплементација се очекува да  донесе зголемен просперитет, подобар квалитет на живот и да му помогне на регионот да ги постигне целите поставени од глобалното семејство на нации.

Во контекст на евроинтегративниот процес претседателот Пендаровски нагласи дека државите во ЈИЕ споделуваат заеднички историски, цивилизациски, културен и економски континуитет , па затоа, имајќи ја предвид сложеноста на потребната трансформација, „Различните ставови за некои важни историски прашања дури и меѓу блиските сојузници не смеат да ги спречуваат соработката и пријателството. Тие не треба да го поткопуваат еден од најинспиративните проекти во историјата, европската интеграција, особено во нејзината следна фаза кон партнерите од ЈИЕ”, потенцираше претседателот Пендаровски, додавајќи дека интегрирањето на Западниот Балкан е во политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, а претставува и геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија.

Во својот говор претседателот истакна дека Македонија покажа храброст и мудрост за решавање на тешки билатерални прашања, осврнувајќи се на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија во насока на градење добрососедски односи и надминување на разликите преку дијалог и разбирање.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This