дома Балкан (Видео) Пречекан со сите почести: Ердоган на шеријатската свадба во БиХ на...

(Видео) Пречекан со сите почести: Ердоган на шеријатската свадба во БиХ на ќерката на лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во официјална посета на Босна и Херцеговина, а пред да се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, тој прошета низ сараевската Башарџија и беше еден од сведоците на шеријатската венчавка на ќерката на лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.
Веднаш по пристигнувањето во Сараево, Ердоган му оддаде почит на Алија Изетбеговиќ на гробиштата Ковачи.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на гробиштата каде е погребан Алија Изетбеговиќ – Спутник Србија, 1920, 27.08.2021

По верската и граѓанската венчавка на Јасмина Изетбеговиќ, ќерката на Бакир Изетбеговиќ, Ердоган беше пречекан пред зградата на Претседателството на БиХ со сите воени почести.