дома Македонија (Видео) ПРОЛЕТТА ПОМИНА, ФОНТАНИТЕ BOH УПОТРЕБА: Додека беше Коце фонтаните се пуштаа...

(Видео) ПРОЛЕТТА ПОМИНА, ФОНТАНИТЕ BOH УПОТРЕБА: Додека беше Коце фонтаните се пуштаа на 1 април

Иако се наѕира крајот на мај, ниту една фонтана не е пуштена во употреба во скопското централно подрачје. Граѓани и туристи се фотографираат, а фонтаните целосно суви.

Граѓаните велат дека фонтаните веќе требало да бидат пуштени во употреба, како и претходните години кога се пуштале на 1-ви април.

Надлежно за фонтаните е Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Од таму велат дека веќе 15 дена работеле на најниските подземни нивоа, поправајќи ги механизмите. Директорот Душко Весковски, вели дека нема одреден датум, но вообичаено, како што вели, фонтаните се пуштаат во функција кога ќе пораснат температурите.

Весковски додава дека наскоро со тендерска постапка ќе се избере компанија која ќе се грижи за одржувањето на фонтаните во централното градско подрачје.