дома Свет (Видео) Путин откри што било договорено со мировниот договор меѓу Ерменија и...

(Видео) Путин откри што било договорено со мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан

Претседателите на Русија, Ерменија и Азербејџан потпишаа заедничка изјава за ставање крај на вojната во Карабах. Рускиот лидер објави на што се обврзаа завојуваните страни.

1. Примирјето стапува на сила на 10 ноември на полноќ

2. Азербејџан и Ерменија ќе останат на своите сегашни позиции

3. Ерменија и Азербејџан ќе разменат воени заробеници

4. Руски мировници да бидат распоредени во Карабах, по должината на контактната линија и по коридорите што ги поврзуваат Ерменија и Карабах

5. Сите транспортни јазли ќе бидат одблokирани

Путин се надева дека постигнатиот договор ќе создаде услови за долгорочно решавање на kpизата во Карабах во интерес на двата народа.

Обраќајќи се на нацијата, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја нарече историска изјавата на Русија, Азербејџан и Ерменија за прекинот на огнот во Карабах. Тој ја истакна посебната улога на Русија во решавањето на kризата и посочи дека нејзината улога во регионот ќе продолжи да биде важна. Тој исто така најави дека Русија и Турција ќе работат заедно на мировните активности во Карабах.

Претходно, премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, објави дека потпишал заедничка изјава за прекин на огнот со претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Видеото можете да го погледнете ТУКА