(Видео) Пoтoп во Грција: Улици пoд вода, Атина без струја, училиштата затвopeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Препораките за вработените во приватниот сектор во Грција е денеска да работат од дома, додека јавниот сектор ќе биде затворен, имајќи предвид дека се очекува вториот ден од силното невреме „Балос“ што ја зафати земјата.

Обилни дождови вчера ја погодија Грција, во сила е црвен метеоролошки аларм, а бурниот временски систем „Балос“ и донесе на Атина двомесечно количество врнежи за еден ден, повеќе од 140 литри на метар квадратен, каде улиците беа под вода и струјата згасна во делови од градот, пренесува Катимерини.

Денеска се очекува „Балос“ да ја покрие речиси целата земја со пороен дожд и бури, и цела Атика до попладневните часови.

Единствените јавни служби за итни случаи ќе останат во функција денеска, потребни за справување со последиците од невремето, вклучително и локалните власти, најави министерот за цивилна заштита и климатски промени Христос Стилијанидес.

Вчера, министерот, исто така, објави забрана за сообраќај во текот на ноќта (од 1 до 8 наутро) на одредени патишта долж крајбрежјето во Атина, кои беа поплавени порано во текот на денот.

Училиштата денеска ќе бидат затворени на Крф, Самос, Икарија, Атика, Халкидики и Евија, а градинките нема да работат во Атика, Самос Икарија, Крф и Халкидики.
Обилните дождови вчера ги поплавија улиците на Атина и Солун, како и на островот Крф, и ги претворија во реки, поради што грчките противпожарни служби добија бројни повици за помош.

Автопатот Атина-Ламија, како и авениите Александрас и Кифишија во Атина, беа пренатрупани, а бројни куќи, училишта и патишта беа поплавени, оставајќи илјадници возачи, како и патници во автобусите, заробени со часови.
Има прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои области, вклучувајќи ги и густо населените Калитеа и Панграти.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This